Posts

Showing posts from 2022

За 5 одделение Настани и интерактивност

Image

Подетално за програма со циклус

Image
Детална функција на неколку блока од категорија Движење кои често се користат во циклус

Структура за повторување

Image
Примери на програми/кодови со структура за повторување Потсетување : Маска на фигура е модифициран облик на вметната фигура во програма. Основна структура за повторување-циклус со бројач

Програма со структура за избор

Image
  Неколку проблемски ситуации од секојдневниот живот во кои е потребно проверување на  исполнетост на одреден услов од што ќе зависи натамошниот тек на решавањето на проблемската  ситуација. Условот може да биде вистина или невистина. Ако условот е исполнет се извршува некоја активност. Ако не е исполнет, активноста не се извршува, а може или не мора да се изврши некоја друга активност. Структура за избор во програмски јазик Scratch Примери на кодови со структура за избор Блокови за услов Задача 1 Задача 2

Едноставна аркадна игра

Image
  Пример број 1 на програмски код на едноставна аркадна игра со 2 фигури од кои едната постојано произволно се движи низ етапа, а втората фигура ја движите вие со глувче со цел што е можно повеќе пати да ја допрете првата фигура за време од 30 секунди колку што трае едно играње на играта. Пример број 2 на аркадна игра - Ловец на ѕвездички Резиме на неколку блока од категорија Движење

Променливи и аритметички операции

Image
  Променлива или варијабла е величина која ја менува својата вредност во програмата. Видови променливи во  програмски јазик Scratch Во програмскиот јазик има два вида на променливи: -глобална променлива која важи за сите фигури во програмата -локална променлива која важи само за активната фигура Креирање променлива во програмски јазик Scratch -Клик на категорија Variables/Променливи  -Клик на блокот Make a Variable  -Во појавениот прозорец впиши го името на променливата и избери го видот на променливата и клик на ОК Примена на променлива во  програмски јазик Scratch Блокови за аритметички операции во  програмски јазик Scratch  ИНТЕРАКТИВНА ПРОГРАМА За приказ на содржината на наставниот материјал како се креира  Интерактивна п рограма во   програмскиот јазик Scratch кликни на  ЛИНК Пример на аркадна игра со променливи

Интерактивна програма во програмски јазик Scratch

Image
Интерактивна програма е програма во која има интеракција/комуникација меѓу корисникот и програмата. Подетално, интерактивна програма е програма со која се поставува прашање/барање на кое корисникот впишува одговор кој одговор потоа се користи во програмата и се добива соодветен излез на ИКТ уредот. Интерактивна програма во програмски јазик Scratch ОБАВЕЗНО ги користи следните 2 блока за интеракција кои се наоѓаат во категорија Sensing/Распознавање Пример на интерактивна програма со редоследна структура Објаснување на интерактивната програма - секоја етапа во нејзиното извршување Во постарата верзија на IDE на Scratch Неколку блока со опис на нивната функција Резиме: Резиме за Основни елементи на работниот прозорец во Scratch