Posts

Showing posts from October, 2022

Променливи и аритметички операции

Image
  Променлива или варијабла е величина која ја менува својата вредност во програмата. Видови променливи во  програмски јазик Scratch Во програмскиот јазик има два вида на променливи: -глобална променлива која важи за сите фигури во програмата -локална променлива која важи само за активната фигура Креирање променлива во програмски јазик Scratch -Клик на категорија Variables/Променливи  -Клик на блокот Make a Variable  -Во појавениот прозорец впиши го името на променливата и избери го видот на променливата и клик на ОК Примена на променлива во  програмски јазик Scratch Блокови за аритметички операции во  програмски јазик Scratch  ИНТЕРАКТИВНА ПРОГРАМА За приказ на содржината на наставниот материјал како се креира  Интерактивна п рограма во   програмскиот јазик Scratch кликни на  ЛИНК Пример на аркадна игра со променливи

Интерактивна програма во програмски јазик Scratch

Image
Интерактивна програма е програма во која има интеракција/комуникација меѓу корисникот и програмата. Подетално, интерактивна програма е програма со која се поставува прашање/барање на кое корисникот впишува одговор кој одговор потоа се користи во програмата и се добива соодветен излез на ИКТ уредот. Интерактивна програма во програмски јазик Scratch ОБАВЕЗНО ги користи следните 2 блока за интеракција кои се наоѓаат во категорија Sensing/Распознавање Пример на интерактивна програма со редоследна структура Објаснување на интерактивната програма - секоја етапа во нејзиното извршување Во постарата верзија на IDE на Scratch Неколку блока со опис на нивната функција Резиме: Резиме за Основни елементи на работниот прозорец во Scratch

Креирање програма со редоследна структура

Image
Почетни воведни активности во креирање програма  во програмски јазик Scratch Стартување на програмскиот јазик Scratch            Онлајн преку scratch.mit.edu/create            Инсталиран програмски јазик Scratch на компјутер/ИКТ уред IDE на програмскиот јазик Scratch Снимање на програма во програмскиот јазик Scratch Операции со Фигура (Sprite) во програмскиот јазик  Scratch Додавање нова фигура во програма Алатки за работа со вметната фигура во програма: Операции со Етапа (сцена, Stage) во програмскиот јазик  Scratch Главни активности во креирање програма  во програмски јазик Scratch Програмата се креира со влечење на блоковите од нивната категорија во просторот за  скрипта, средната колона во IDE за креирање програма. Блокови се поделени според  нивната боја во соодветни категории. Сега само треба да креирате програма со почетниот блок и следните блокови според ваш избор од категориите  ...

Примери на едноставни игри

  Повелете 3 едноставни и лесни аркадни игри, како примери за можностите на програмскиот јазик Scratch. Активирајте ја играта со клик на нејзиното име Пинг-Понг ТОПЧЕ ОБЛЕКА Кога играта ќе се отвори, почнете да ја играте со клик на зеленото знаменце, според напишаното упатство под неа. Доколку сакате да ја стопирате играта-само кликнете на црвениот круг. Пријатна забава.

Програмски јазик Scratch

Image
  По стартување на Scratch ќе се појави прозорец на работното опкружување - IDE на програмскиот јазик Scrarch  Онлајн верзија на програмски јазик Scratch