Програмирање, програмски јазици и интегрирани околини за програмирање

 Природните јазици се средство кое овозможува комуникација помеѓу луѓето.

За да работат компјутерите потребни се програми. Програмите се напишани со некој програмски јазик.

Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.

Пишувањето програми односно програмирањето е постапка со која програмерот му наредува на компјутерот која активност да ја изврши.

Програмски јазик е вештачки јазик, апликативна програма во која пишуваме, тестираме и извршуваме компјутерски програми.

Примери на програмски јазици: Pascal, C (C++), Visual Basic, Java, Scratch, ...


Програмирање е процес на креирање компјутерска програма како низа од наредби со користење на некој програмски јазик.

Интегрирана развојна околина (Integrated Development Environment – IDE) на програмски јазик е програмско опкружување во кое се пишува и развива програма.

IDE-ИНТЕГРИРАНА РАЗВОЈНА ОКОЛИНА се состои од:

  • едитор – во кој се пишува изворниот код на програмата;

  • библиотека на готови програми – колекција или збир од веќе напишани мали и често користени програми во програмската околина;

  • компајлер – го претвора изворниот код на машински јазик за да ИКТ уредот го разбере и изврши.

  • дебагерја проверува програмата дали има грешки и за секоја најдена грешка прикажува порака.

Фази во процесот на изработка на компјутерска програма:

1. Aнализа на проблемската ситуација и разгледување можни решенија.


2. Aлгоритамско претставување на чекорите за можното решение на проблемската ситуација.


3. Kодирање на алгоритамот
Запишување на алгоритамот како низа од инструкции во избран програмски јазик претставува програмски код кој се вика изворна програма.
4. Преведување на изворната програма во извршна програма
Изворната програма не е разбирлива за компјутерот. Таа мора да се преведе во машински јазик (во кој инструкциите се запишуваат со 1 и 0) за да биде разбрана и извршена од процесорот. Изворната програма преведена на машински јазик се вика извршна програма. 


5.Корекција на грешки (синтаксни, логички)
Преведувањето на изворната во извршна програма ретко кога е без грешки. Програмата преведувач го алармира програмерот за направените грешки во изворната програма кои мора да бидат поправени за инструкциите да можат да се преведат во машински јазик.

  • Синтаксните грешки се однесуваат на неправилно напишани зборови од програмскиотјазик, неправилно користени или испуштени интерпукциски знаци и сл. и најчесто се поправаат при преведувањето на изворната програма со помош на преведувачот.

  • Логичките грешки треба да ги открие и поправи програмерот при тестирањето на извршната програма. Логичките грешки обично се викаат багови (bugs) и за нивно откривање се користи програма дебагер која овозможува извршување на програмата линија по линија и стопирање на нејзиното извршување на одредено место каде што е направена грешка.

Пример за синтаксна и логичка грешка

  • Формула за пресметување периметар на правоаголник ако се познати неговите страни: L=2*(а-b
    Синтаксна грешка – недостасува заграда на крајот од изразот.
    Логичка грешка – формулата не е точна иако по ставање на заградата на крајот е правилно запишана.

  • Пресметување на израз c= b-a
    вредност на променливи: a=5 b=”Maja”
    Логичка грешка – b е текст и не може да биде намаленик.

6. Тестирање на програмата

    Тестирањето на програмата го прави програмерот или корисниците за кои е наменета програмата. Програмата мора да работи правилно за различни вредности кои ги внесува корисникот.

Програмата треба да има соодветно решение за сите можни случаи (односно влез) преку испишување соодветна порака.

По успешното поминување на сите фази од процесот може да се каже дека програмата е готова и работи правилно.

Ние ќе учиме да програмираме во програмскиот јазик Scratch.

Програмски јазик Scratch

Упатство за учениците кои работат од телефон или таблет
1. кликни на следниов линк клик да ја отвориш програмската околина на Scratch (го гледаш само левиот дел од прозорецот Scratch)
2. најгоре на сината лента од програмот, десно од Tutorials, на празниот дел кликни два пати брзо, прозорецот ќе се намали и ќе ти се прикаже програмската околина целосно
3. во средината ќе ти се појави прозорче со туторијал во зелена боја, слободно на знакот X во горниот десен агол исклучи го
4. за да имаш поголема прегледност сега можеш да го свртиш телефонот/таблетот хоризонтално.


Comments