5 одделение СИП Моден и компјутерски дизајн
Моден и компјутерски дизајн
Во изборниот наставен предмет
Моден и компјутерски дизајн
ќе се запознаеме подетално со поимот дизајн и видовите дизајн-моден дизајн и компјутерски дизајн.
Наставниот материјал се состои од 2 наставни теми:
* Моден дизајн
** Компјутерски дизајн
Моден дизајн
Моден дизајн е применета уметност на дизајн и естетика или природна убавина на облеката и модните додатоци.
Модниот дизајн е под влијание на културата и општествениот однос и бил разновиден во однос на времето и местото.
Моден дизајнер создава облека (фустани, костуми, панталони и здолништа) и додатоци (чевли и чанти) за потрошувачите. Модниот дизајнер може да се специјализира во облека, додатоци или дизајн на накит или може да работи во повеќе од еден од овие области.
Модните дизајнери се обидуваат да дизајнираат облека која е едноставна и естетски привлечна. Мора да имаат предвид кој ќе ја носи облеката и пригодата во која ќе се носи таа облеқа. Модните дизајнери имаат широк избор и комбинации на материјали со кои работат и широк избор на бои, модели и стилови.
Обично се бара несекојдневна облека за специјални пригоди како, на пример вечерна облека или облека за забави. Дел од облеката се прави специјално за одредени личности како што е случај со високата мода или конфекциската облека. Денес, голем дел од облеката е креирана за масовниот пазар, особено неформалната и секојдневната облека.
Модна колекција е кога модните дизајнери ги вклопуваат сите сезони заедно, со цел да ги прикажат своите идеи на нови трендови за изборот на скапа облека, како и изборот за масовниот пазар. Се зема предвид дека творбите за кратко време стануваат немодерни, обично за една до две сезони. Сезона се дефинира како есен / зима или како пролет / лето.
Основни елементи и принципи на дизајн
За да се прикаже содржината за
Основни елементи и принципи на дизајн само кликни на Линк
Неколку едуино видеолекции за првата наставна тема Моден дизајн
Comments
Post a Comment